БОШ Фестивал следниот викенд во Гевгелија

БОШ ФЕСТИВАЛ е мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст. Или поинаку кажано, БОШ е обид за естетизирана артикулација и осмислување на т.н. „додадена вредност“ на урбаната култура.

БОШ е процес на создавање на еден типично поразличен, несекојдневен и неконвенционален  јавен простор. Простор, кој постојано се редефинира, преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст. Простор, кој е доволно оригинален и опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и контроверзен. Но пред сè, отворен и достапен за секого!

БОШ е „инвазија врз духот“, акт за маркирање на културно-естетска, „слободна територија“! БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација! БОШ е меѓупростор кој поврзува, во потрагата по своето време и потреби.

Затоа, доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 26 до 28 август 2011 година. На неколку локации во централното градско подрачје, ќе се случува БОШ-2011 (точните детали околу локациите и времето ќе следуваат дополнително).

Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни…

Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку блиски пријатели.

 

БОШ ви најавува:

МУЗИКА

* Bernays Propaganda
* Xa Xa Xa
* Shindev
* Martchin [OffPop] / Toni Dimitrov
* Kili und Ana, singer und muziciren – Kili & Ana kabare

ФИЛМ

* “Ако никој не свири” – филм на Ѓорѓи Јаневски.
* Проекција на кратки филмови од македонски автори – селекција на Јане Алтипармаков.
* Hansel & Gretel: The True Story – анимација на Гоце Цветановски.
* “И Фабриките Имаат Душа” (премиера) – филм на Наташа Гелева и Јане Алтипармаков.

ФОТОГРАФИЈА

* “The World in My Eyes” – NeuErotik
* Causa Sui – Јадран Манчев, Цветанка Темкова – Илова, Сашко Илов.

РАБОТИЛНИЦИ

* Зелената Арка – Еколошки дизајн на билна спирала + аудио-визуелен ароматичен перформанс.
* “Феноменот на Театарот” – Васил Михаил

ART CRAFT ИЗЛОЖБИ

* Дафина Џепароска – рачно изработен накит.
* Христина Николова – рачно изработен накит.

ЦРТЕЖ

* ИнТрОвЕрТнИ мУаБеТи – Кристијан Крстески – комбинирана техника

ГРАФИТИ

* GRFC Crew
* DRASH
* Machka
* BNE

_____________________________________

 

АРТ ЕКВИЛИБРИУМ ја афирмира определбата за динамичен и рамномерен, културно-уметнички развој, во урбан контекст.

Определбите за остварување на поголемо ниво на достапност, а воедно и суштинска децентрализираност на културата и уметноста во Македонија во секоја смисла, претставуваат уште една појдовна точка, во активностите на организацијата. Ентузијазмот, посебно е сублимиран и во однос на заложбите за квалитативно унапредување на културната и уметничка понуда, пред сè, онаа на локално ниво…

Покрај организирањето на Мултимедијаниот арт фестивал ‘БОШ’, нашите активности се насочени и кон афирмирање на независната и алтернативна, културно-уметничка сцена во Македонија. Независното арт списание за урбани мисли „ЧИВИЛУК“, кое се издава месечно и тоа исклучиво во електронска форма, функционира редовно уште од самите почетоци.

You May Also Like