Поетри Слем во ДПМ

Денеска (четврток, 18 септември) во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи Поетри слем на кој ќе настапат претставници на младата бит генерација која во нашиот книжевен простор се повеќе го привлекува вниманието на литературната јавност.

poetry_slam_vo_dpm

 

Со оваа средба ДПМ ја отвора можноста за презентација на новите алтернативни поетски движења во духот на коегзистенцијата на различни кижевни идеи со взаемни надополнувања и со отворен интерес едни кон други.

Поетри слемот во ДПМ ќе го води Елена Пренџова, а ќе настапат поетите Никола Илијовски, Билјана Т. Димко, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Афродита Николова, Игор Трпче, Драгица Здравеска, Ристе Иракоски, Перо Сарџоски, Цветанка Колева, Габриела Станоеска, Ивана Стојковска, Димитри Соле Љубин, Дамијан Каранфилов, Џенк Ејуп, Исидор Јованоски и Андреј Ал-Асади.

Средбата ќе се одржи според правилата за Слем, иако настанот ќе биде ревијален, а не натпреварувчки.

You May Also Like