Едицијата „130 тома македонска книжевност“ достапна и за читателите во Стразбур

Вчера (вторник, 18 септември, 2012 година) македонскиот амбасадор во Советот на Европа, Петар Поп Арсов на Универзитетската и национална библиотека од Стразур и ја подари едицијата „130 тома македонска книжевност.

Едицијата по нејзиното евидентирање во каталагот на библиотеката, една од најстарите во Франција, ќе и бидат достапни на читателите. Претставникот на библиотеката кој ги прими книгите изрази голема благодарност, бидејќи со оваа донација од Република Македонија се збогатува каталогот на библиотеката и истовремено читателите ќе можат да се запознаат со богатството на македонското литературно творештво.

Со едицијата е опфатена книжевната продукција од сите родови и разновидни жанрови, во период од илјада години – од текстовите на просветителите Климент и Наум, до современи македонски автори и писатели од другите заедници кои живеат и творат во Македонија.

You May Also Like