Вчера (вторник, 30 април 2013), директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски, оствари средба со претседателот на Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија, како и со претставниците на Националниот тим во боди билдинг.
Тимот во боди-билдинг на завршеното Балканското првенство освоија 5 медали од кои 1 златна, 2 сребрени и 2 бронзени и трето место во севкупен пласман во екипна конкуренција.
Носители на медалите –
Златен медал – Јовче Василевски
Сребрен медал – Семра Аиро
Сребрен медал – Дејан Димевси
Бронзен медал – Роза Димитриева
Бронзен медал во парови – Антонио Андоновски и Семра Аиро
Агенцијата за млади и спорт и во следниот период ќе продолжи со поддршка на фитнесот и боди билдингот при што дел од поддршката ќе бидат активностите насочени кон усогласување на боди билдинг и фитнес клубовите во земјава со Законот за спортот.