Кампања за подигнување на јавната свест за сколиозата

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, претседателот на Совет Милан Андоновски, директорите и наставници од основните училишта во Гази Баба, присуствуваа на презентацијата на д-р Иванка Стефановска, специјалист ортопед во приватната општа болница Ремедика, која се одржа во просториите на општината.

kampanja_skolioza_gazi_baba

Градоначалникот истакна дека секој податок за здравствената состојба на децата е корисен и добредојден. Заклучоците од истражувањата ќе ни користат и нас како општина и ќе ни дадат насоки како ние би можеле да придонесеме за промена на состојбите и како да дејствуваме.

Истражувањето кое беше спроведено е поради превенција, менување на навиките на младите, внесување на поголема физичка активност во секојдневието, подигнување на свеста кај родителите за редовни ортопедски прегледи, да се побуди интерес кај медиумите за нивно активно вклучување во идните активности, едукација.

Сколиозата е многу сериозно заболување кое се појавува потајно, многу често децата и покрај започнатиот процес на искривување на ‘рбетниот столб сепак одат релативно исправено.

Истражувањето во општина Гази Баба беше спроведено преку анкетни прашалници на кои одговараа родителите на децата од прво до осмо одделение.

You May Also Like