Работилница за создавање и негување публика, за претставниците од национални и независни театарски куќи, како и од други сродни институции од областа на културата во Македонија, се одржува денес и утре во Скопје.
Таа е дел од проектот на Британскиот совет „Зад кулисите“, чија цел е да го помогне развојот на вештини на вработените во институциите од културата.
На работилницата ќе учествуваат вкупно 24 претставници од 18 театри, центри за култура или високообразовни установи од Скопје, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе го подобрат своето знаење во областа на маркетингот и градењето долгорочен однос со нова или со постојната публика.