Планинарски меморијален марш „Борис Трајковски“

Друштво на планинарски спортови,,Лисец“ од Штип, на 22 и 23 февруари (сабота и недела) го организира традициналниот планинарски марш „Борис Трајковски“, замислен како преубава зимска прошетка на Пирин Планина.

planinarski_marsh

Во инфото за настанот стои:

Опис на патеката:
„Тргнувањето ќе биде во 06 00 пред општина Штип со организиран превоз. Некаде кон 08 00 се стигнува до град Сандански Р Бугарија и од таму сите заедно пеш до планинарски дом “‘Беговица”” каде што ке има пренокување на групата. Целата патека за одење пеш е окулу седум километри во еден правец или окулу три часа одење пеш.Следниот ден рано наутро групата повторно пеш се враќа во Сандански каде организирано заминуваме во посета на град Мелник и разгледување на некои негови знаменитости.

Пл дом Беговица:
која е нашата крајна цел и каде што ке се преноќува се наоѓа во северниот дел на Пирин Планина на надморска височина од 1750 метри.Има посебни соби со сопствени тоалети тушеви и ресторант.Капацитетот и е 175 легла“.

Повеќе информации на следниот линк.

 

You May Also Like