Планинарски марш на планината Влаина

Во организација на Планинарското друштво „Голачка срна“ од Делчево, а како дел од серијата „По горите македонски“ денеска беше реализиран традиционалниот марш до месноста Езеро, покрај македонско-бугарската граница на планината Влаина.

planina

Во маршот зедоа учество 22 планинари кои од Делчево кои преку излетничкото место Илин Камен до целта, на надморска височина од 836 метри, поминаа осум километри за нешто повеќе од два часа. По краткиот одмор и заедничкиот ручек учесниците на маршот преку селото Габрово во доцните попладневни часови се вратија во Делчево.

Следната активност на планинарското друштво „Голачка срна“ е учеството во планинарскиот марш до Серта на 5 април годинава, што го организираат неготинските планинари.

You May Also Like