Global village во Скопје

Организиран од АИЕСЕК Скопје, настанот ќе се одржи на 30ти април ( среда ), во 14:00 часот, во трговскиот центар Skopje City Mall кој, воедно, е и официјален поддржувач.

global-village-skopje

Во информацијата за настанот се вели: „Целта на настанот е да се прослави разновидноста и мултикултурализмот односно на едно исто место да се соберат разни култури и претставници од преку 20 држави, кои ќе презентираат особености на земјите од каде доаѓаат – брошури, музика, танц, традиционални јадења, пијалаци, облека.

Идејата е младите да се запознаат со поинаквите култури и традиции и да ги почувствуваат животните стилови на другите држави. Тоа го оживува основното гледиште за светот како едно големо “глобално село” кое ги инспирира луѓето да ја разберат и ценат различноста која само придонесува за мир и исполнетост на човечкиот потенцијал, што всушност е нашата визија и мисија.

Факт е дека одамна во нашиот главен град не сме биле сведоци на случување од ваков тип, па затоа овој хепенинг е добродојден за проширување на видиците на нашето општество, подобро запознавање со странски култури, едукација и пред се, бар на миг, излегување од монотоното секојдневие“.

You May Also Like