Промовирана книгата “Велес и велешко 1944 – 1991” на проф. Ачкоска

Во народната библиотека “Гоце Делчев” во Велес во петокот беше промовирана книгата “Велес и велешко 1944 – 1991” од професор д-р Виолета Ачкоска …

Во оваа историска студија професорката Виолета Ачкоска обработува поголем број историски настани кои во Велес и велешко се случиле во периодот по ослободувањето и создавањето на Македонија се до деведесеттите години од минатиот век. Некои од пишаните документи и фотографии авторот на книгата ги објавува за првпат.

Егзекуцијата на 53 велешани, велешаните кои биле на Голи Оток кои биле припадници на организацијата на ВМРО која се формирала по војната во Велес се само дел од сите тие историски збиднувања. Секако, тука е и аграрната реформа, колонизацијата и низа други прашања кои се однесуваат на повоената историја, а немаат историографски третман, вели авторот.

Според материјалите кои професор Ачкоска ги истражувала повеќе години, се добива впечаток дека Велес во овој период имал значајно место во македонското постоење. Дел од нив на пошироката јавност и беа познати, меѓутоа, поголем дел беа длабоко заклучени во нечии фиоки. Ова е историска студија која има свои тези, хипотези, кои, пак, имаат свои извори и документација. Мислам дека оваа книга е едно од ретките дела во Македонија кое на виделина изнесува многу досега непознаници за настани кои не само за Велес, туку имаат големо значење и за Македонијаа, рече промоторот на книгата, проф. д-р Димитар Мирчев.

Книгата беше промовирана во организација на Општина Велес и народната библиотека “Гоце Делчев”.

 

 

You May Also Like