„Везилка2011” објави две нови книги од македонскиот писател Ристо Лазаров: стихозбирката ,,Препки” и книгата прозни записи ,,Врежанки”.
Стихозбирката ,,Препки” е 26-та по ред во богатиот поетски опус на Ристо Лазаров и таа е пишувана во форматот во кој се пишувани неговите последни десетина книги: седум циклуси по седум песни, плус една. Во поговорот кон изданието, професорката Елизабета Шелева подвлекува дека ,,Станува збор за hic et nunc поезија, урбана лирика, набиеа со препознатливи (дневно)политички алузии, отровни, сатирични боцки, луцидна афористичност и циничен револт, заради темелната изместеност на светот денес и вредностите во него”. ,,Лазаров е поет, кој е ,,на ТИ со поезјата”, ама и со современоста – заклучува Шелева. Неговата најнова книга е оксиморонска поеѕија во времето на ,,неподвижните гемии”. Песните, кои Лазаров ги потпишува мо-ат да се читаат и како горчливи поетски наравоученија, за жовотот, кој и самиот е претворен во ,,час по тешко дишење” или, уште поцинично, во ,,берза на безполезни совети”.
,,Врежанки” пак, е прва книга прозни записи на Лазаров, исто така со 50 записи. Во предговорот на книгата, професорот Ферид Мухиќ пишува: ,,Наместо скромните гребнатини врз школските клупи, јасно здогледав низа од седум резби врежани во стеблото на еден древен костен. Ги видов таму, на таа благо закосена рамнина, и стеблото на костенот и Вре-анките – Резбите на Ристо Лазаров; И знаев не само дека секој што ќе ги види, ќе им се восхитува, туку и дека тие, резбите, ќе останат да стојат уште долго, исто така јасни, цврсти и отпорни на времето, како што долго стои и опстојува цврстото и отпорно стебло од древниот костен во кое ги врежач авторот!” Во книгата е поместен и поговор на Гоце Смилевски кој неа јја дефинира како фрагменти од личната историја на Ристо Лазаров. Авторот, забележува Смичевски, се навраќа и на некои легендарни места од кои некои веќе не постојат, а други се видоизменети до непрепознавање – театарски кафеани, клубови на писатели , при што сосема очекувано, централното место межу нив го има едно место кое одамна го нема, легендарниот ,,Букет” со неговиот персонал. Смилевски проценува дека запусуте на Ристо Лазаров во ,,Врежсанки” се карактеризираат со рефлексивна носталгија, и токкму затоа едни такви врежанки ни се токму денес потребни.