Поставката која е изложена во Универзитетот Мармара ја сочинуваат 50тина постери на финалисти од минатогодишниот конкурс на Скопје постер фестивалот на тема „Citizen2020“ чие финале се одржа во ноември во Младинскиот културен центар.
Вчера (5ти ноември) во Истанбул, Турција бешеотворена изложбата на Плакарт – Здружението на графички дизајнери и Скопје постер фестивалот.
Поставката која е изложена во Универзитетот Мармара ја сочинуваат 50тина постери на финалисти од минатогодишниот конкурс на Скопје постер фестивалот на тема „Citizen2020“ чие финале се одржа во ноември во Младинскиот културен центар.
Само за потсетување претседател на меѓународното жири кое имаше задача да направи селекција од над 1920 постери од 38 земји беше Мирко Илиќ, дизајн-иконата на екс југословенските простори.
„Оваа е веќе петта изложба на постери на Плакарт во оваа земја и е одраз на долгогодишната соработка со еден од најголемите универзитети во Турција, Мармара Универзитетот, односно Факултетот за ликовни уметности. “ изјави Лазе Трипков, основачот на Плакарт и Скопје Постер Фестивалот.
По поконкурсните изложби на Плакарт и Скопје Постер во Њујорк и во Истанбул, оваа година во план е и изложба во Варшава, Полска, а истата ќе биде отворена во втората половина на декември.