Четири филмови на „Поп ап кино“

Секоја недела во јуни, на некоја невообичаена локација во Скопје ќе биде прикажан по еден американски филм во рамки на фестивалот „Поп ап кино“ …

kinoteka na makedonija kino sala 1

Преку четири филмски проекции, фестивалот ќе ја истакне моќта на различноста, обработувајќи ги темите на толеранција и пријателство. Организатор е Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. Фестивалот ќе биде отворен вечер во 18 часот во средното училиште „Никола Карев“.

Ќе биде прикажан еден познат филм за средношколски рагби тим, чии членови се обидуваат да ги надминат меѓусебните разлики и да делуваат како вистински тим. Освен гледање на филмот, публиката ќе има можност да учествува и во натпревар на фрлање на рагби топка, по што за најдобрите ќе следи награда од Амбасадата.

На 11 јуни, фестивалот ќе се префрли во градскиот клуб Менада, со почеток од 20:00 часот. Гостите во клубот ќе имаат можност да проследат класичен американски филм за едно семејство во 1960-тите години, кое се прилагодува на променливите општествени очекувања.

На 18 јуни во 20 часот, на паркингот меѓу Градскиот парк и хотелот „Александар Палас“, скопјани ќе имаат можност да гледаат филм под отворено небо. Ќе биде прикажана урбана драма во која игра еден од најславните холивудски актери и режисери.

Покрај овие проекции, фестивалот ќе биде организиран и во американските катчиња во Скопје, Тетово, Штип, Струга и Битола. Ќе биде прикажан филм од независна продукција, од жанрот комедија/драма, за современите американско-индијански искуства.

Проекциите се бесплатни и отворени за јавноста.

You May Also Like