Утре (петок, 1 март) во Државното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ во 19:00 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на резби на Ване Петридов, насловена „РС“.
Петридов е од Неготино, со копаничарство се занимава неколку години , а делата кои ќе бидат изложени ги работел последните 4 години. Изложбата е дел од 20-та јубилејна манифестација „Дионисови Слави“.