“Симбиоза на планетата“ е прв електронски зборник од ваков тип и е реализиран со самофинансирање.
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово во четврток во 12 часот ќе биде промовиран првиот меѓународен електронски зборник “Симбиоза на планетата“, проект на клуб на книжевни творци “Симбиоза“.
Зборникот е ставен на цд и содржи над сто песни од 58 поети од земјава и странство. Во зборникот со свои твоби учествуваат поети од Македонија, Канада, Америка, Франција, Германија, Австрија, Бугарија, Србија, Хрватска и БИХ. Стручно жири ги избра најдобрите и на нив ќе им бидат доделени награди. ККТ“Симбиоза“ го направи зборникот како еден вид културен подарок по повод 70 години ослободување на Куманово.