Бесплатна едукација за брементоста

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје ја најавува јунската бесплатна едукативна работилница „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“.

bremenost

 

Досега работилниците ги посетија над 1000 бремени жени и нивни партнери. Бидете и Вие, заедно со Вашиот партнер, дел од овој значаен проект, дознајте многу значајни информации за бременоста, за породувањето, за Вас и за Вашето бебе.

Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себе си и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.

Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во понеделник, 30.06.2014 год. со почеток од 18:00 часот.

You May Also Like