Народниот театар-Битола денеска на три различни сцени ќе го одбележи Светскиот ден на театарот …
Во 19 часот ќе биде одиграна претставата „Смртта на трговскиот патник“ од Артур Милер во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а од 21 часот во исто време ќе бидат изведени уште две претстави – „Дива“ од Маријана Нола во режија на Софија Ристевска на сцената под ротација и „Без паника“ од Мика Мулуахо во режија на Благој Мицевски на новата сцена.
– Овој начин на одбележување ни го овозможуваат актерската и техничката екипираност на театарот. Очекуваме наш гостин да биде публиката што не гледала некоја од трите претстави, но и оние кои сакаат повторно и на светскиот ден на театарот да бидат заедно со нас. Ќе понудиме мелодрама, комедија – вистински избор за секој, истакна Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.
Пред почетокот на секоја од вечерашните претстави ќе биде искажана јавна почит и сочувство за смртта на актерката Мери Бошкова, која е меѓу основачите на народниот театар во Битола.