Охриѓанецот Сашо Блажески со самостојна изложба на „Сараевска зима“

Во рамки на меѓународниот фестивал „Сараевска зима“, во среда (7-ми март 2012 година) во Сараево (Босна и Херцеговина), ќе биде отворена самостојна изложба на охридскиот уметник Сашо Блажески.


Темата на изложбата е  “Аbstract in fabula”  и содржи слики изработени во комбинирана техника на платно.

Инаку, Сашо Блажески е роден во Охрид во 1980 година. Со академско звање се стекнал на Факултетот за ликовни уметности од Букурешт (Романија), каде дипломира на насоката графичка уметност како еден од најдобрите студенти во генерацијата.

Ова на Блажески ќе му биде четврта самостојна изложба, додека претходно неговите дела биле изложувани и на дваесетина други групни изложби.

You May Also Like