Петмина македонски поети на „Слем“ во Белград

Настанот насловен „Вечер на отворени микрофони“ ќе се одржи оваа сабота (6 септември) во културниот центар „Инекс филм“ во Белград, во организација на Радован Божовиќ и Катарина Фиаменго од Србија и Елена Пренџова од Македонија.

poetski_slem_belgrad

На слем чиањето од македонија ќе настапат: Игор Трпче, Перо Сарџоски, Афродита Николова, Исток Улчар и Елена Пренџова. Тие заедно со уште неколкумина веќе афирмирани слемери од Србија, меѓу кои Милан Мијатовиќ, Ана Митрашиновиќ, Ѓорѓе Ѓорѓевиќ и Иван Новаковиќ ќе изведуваат по два круга читања, по кои ќе следува отворен микрофон.

 

You May Also Like