Традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ ќе се одржи од 4-6 февруари 2013, а во нејзини рамки на Веле Смилевски ќе му биде доделена наградата „Григор Прличев“ за поемата „Век за самување“.
Беседа за наградениот автор ќе одржи писателот Бранко Цветкоски. Смилевски ќе добие парична награда, како и уметничка изработка на ловоровиот венец што Григор Прличев своевремено го добил како награда за неговата поема „Сердарот“.