Отворен час на Драмското студио 5+

„Драмското студио 5+” во соработка со City Kids Club во Скопје Сити Мол ќе организира „Отворен час” на кој детската публика ќе може да учествува и да се запознае со некои од актерските вежби, техники и чекори преку игра и забава.

petko_5+

Отворениот час ќе се одржи на 8-ми и 15-ти март (сабота), од 12 часот до 13.30 часот. Повод за овој настан се новите уписи на деца од 6 до 12 години во „5+ Драмското студио”, кои ќе имаат можност да учествуваат во емисијата „5+” како и во завршната годишна претстава.

5+ Драмското студио започна со работа во ноември 2013 година како дел од детскиот едукативен проект 5+ чиј продуцент е ОХО. Под раководство на професионалните едукатори и актери Маја Љутков, Александра Стојановска и Филип Кипровски, дечињата членови на студиото веќе неколку пати со свои улоги беа дел од различни епизоди на детската емисија 5+.

Со „5+ Драмското студио”, ОХО ја продолжува мисијата со која на децата им овозможува да растат и учат за да може подобро да се разберат себе си и светот околу нив.

You May Also Like