Денеска (понеделник, 3 март) во галеријата АРТЕ во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на мозаици на Лиле Корубин.
Љубителите на уметноста ќе можат да се запознаат со нејзините најдобри мозаици кои го отсликуваат интимниот свет на авторката Лиле Корубин. Со ова изложба АРТЕ Галерија продолжува со реализација на изложби и настани со што уште повеќе ќе ја афирмираме ликовната уметност.
Галеријата АРТЕ се наоѓа Спроти Поликлиника Идадија или поточно помеѓу АМСМ и Клуб на пратеници на улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр 49.