Изложба и работилница во Детскиот креативен центар (МКЦ)

Утре (сабота, 8 март), во 13:00 часот, во Детскиот креативен центар, по повод денот на жената ќе се организира изложба и работилница на која членовите од Ликовното Студио, заедно со присутните деца ќе имаат можност да креираат осмомартовски честитки кои потоа ќе им бидат подарени на гостите на изложбата.

dkc_rabotilnica_8_mart

Свои дела ќе изложи и ликовниот уметник Лилјана Стојанова, која ќе се претстави со дваесетина минијатури.
Основна цел на Детскиот креативен центар во седумнааесетгодишното постоење е на децата, преку индивидуални или колективни посети, низ игра и организирани активности им овозможи да го покажат својот талент и креативност.

You May Also Like