Денови на македонската музика

Со концерт на Македонската филхармонија насловен „Синтези“ на 28 март свечено ќе биде отворена годинашната манифестација „Денови на македонска музика“.

Концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев и ќе бидат изведени народни македонски песни аранжирани и оркестрирани од македонските автори Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Живојин Глишиќ, Драган Даутовски, Кокан Димушевски, Тодор Трајчевски, Сони Петровски, Горан Начевски, Дамјан Темков и Мајкл Бакрнчев.

На концертот ќе бидат изведени бројни познати теми, меѓу кои: „Мори чупи Костурчанки“, „Кажи, кажи, либе Стано“, „Бор садила“ и други.

Манифестацијата „Денови на македонска музика“ се реализира под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

You May Also Like