Вечер, (вторник 20:00 часот) на плоштадот Магнолија, од страна на општина Битола ќе биде организиран настан во чест на големиот успех на златната параолимпијка од Лондон, Оливера Наковска-Бикова.
„Добредојде Оливера Наковска Бикова“. Со овој настан Градоначалникот на Општина Битола, познати музички имиња од градот и сите оние кои се чувствуваат горди на големиот успех на македонската репрезентативка на параолимписките игри во Лондон ќе имаат можност одблиску да ги пренесат своите честитки до Наковска – Бикова која во вторник доаѓа во својот роден град Битола.