Денеска (4 октомври 2014та, сабота) во 20:00 часот во Галеријата „Грал“ ќе биде отворена изложба на академик Глигор Чемерски.
Во галеријата “Грал” љубителите на уметноста ќе имаат можност да видат 20 – 25 дела, слики и цртежи кои претставуваат вовед во проектот “Во јадрото на Балканот – раката гледа” кој својата кулминација ќе ја доживее на 9 и 10.122014 година во Москва во галеријата на Руската Академија на Уметноста – Зураб Цератели , ул. Пречистенка 21.
Изложбата која е во рамките на програмата на настанот Бела Ноќ се организира во моментов за Чемерски исклучително значаен период на подготовки за изложбата која ќе се одржи во Москва, Русија, со отворање на 9ти Декевмри оваа година, под името “Во срцето на Балканот – раката гледа”.
Академик Глигор Чемерски е првиот македонски уметник на кого му е укажана огромна чест од страна на Руската Академија на Уметности – Императорска, со инаугурација за почесен член на Руската Академија. Овој чин е своевидна универзализација на културните вредности на Македонија, признаени и препознаени од страна на Руската Академија на Уметностите, на чија покана, во најзначајното културно и уметничко средиште на Москва – Уметничката Галерија Зураб Церетели, во чест на инаугурацијата, ќе се одржи изложба на дела на овој наш голем автор. На изложбата во уметничка галерија Зураб Цетерели во Москва ќе бидат изложени 43 дела од повеќе циклуси како своевидно ретроспективно претставување на повеќедецениското творештво на Глигор Чемерски.