Денеска (4 април,петок) во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“, во 18:00 часот во Музејот на македонската борба, свечено ќе се отвори фестивалот на медиумски уметности “Звучна имерзија“.
Прв од ваков вид во државата, фестивалот ќе се одржи ов 4-6 април во соработка со Македонската асоцијација за електроакустична музика.
На свеченото отворањена програмата ќе биде претставена композицијата „Елеорп 76“ (1976) од Драгослав Ортаков, за која се верува дека е прва електронска музичка композиција од македонски композитор, и македонска премиера на композицијата “Macedonian Air Drumming” (1990) од американскиот композитор Неил Ролник.
Програма:
Драгослав Ортаков (1928-2007)
*ЕЛЕОРП 76 (1976)
Нил Ролник (*1947)
**MACEDONIAN AIRDRUMMING (1990)
Програмски белешки од композиторот Нил Ролник:
„Macedonian AirDrumming е дело за соло изведба кое користи музички влијанија од Македонија. Во есента 1989 година, поминав четири месеци во бивша Југославија, како Фулбрајтов стипендист, настапувајќи низ земјата и изведувајќи концерти со моја музика, како солист и во разновидни состави со локални музичари. Додека патував, мојот интерес кон традиционалната музика на регионот, којашто и претходно ја истражував во проектот Балканизацијаи, беше обновен и продлабочен. Најголемото искуство го имав во главниот град Скопје, каде после еден мој авторски концерт домаќините ме почестија со концерт на македонска традиционална музика, кој траеше до раните утрински часови“.