Изложбата „99 збора и 1 фотографија“ ќе биде отворена денеска (петок, 14 февруари, во 20:00 часот, во порта „Македонија“. На изложбата ќе бидат поставени сетвите серија колумни со наслов „99 збора и 1 фотографија“ на писателот Венко Андоновски и на мајсторот на светлописот Љупчо Илиевски.Организатор е дневниот весник „Нова Македонија“.
Во рамките на настанот ќе биде промовирана и ексклузивна книга во колор со идентичен наслов како колумната.
Колумната во текот на една година излегуваше на страниците на „Нова Македонија“, а изложбата е своевидно заокружување на проектот, кој има хуманитарен карактер.
Изложбата ќе трае до 20 февруари 2014 година.