Отворање на манифестацијата „Крушево етно град 2014“

Министерството за култура на Република Македонија, Националната Установа „Историски музеј“ Крушево и Општина Крушево, се организатори на свеченото отворање на програмата „Крушево етно – град 2014“.

Programa 31.07

Годинава се одбележуваат 6 години од започнувањето на проектот, кој веќе стана составен дел од културната понуда во нашиот град за време на летниот период и привлекува повеќе туристи од земјава и странство.

Манифестацијата ќе започне на 25 јули и ќе трае до 31 јули 2014 година.

Програмата вклучува повеќе обуки и работилници, чија цел е промоција и зачувување на традиционалните занаети, а секојдневно вечерните часови се предвидени за македонската народна и етно музика.

Свеченото отворање на манифестацијата „ Крушево етно – град 2014“ ќе се одржи на 25 јули 2014 год. (петок), со почеток во 20.00 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ во Крушево.

programa etno grad2014

 

 

You May Also Like