Денеска (28 Февруари 2014 година,петок) со почеток во 12:30 часот, во хотелот Аполонија, ќе се одржи официјално отварање на првиот Волонтерски Центар за млади во Гевгелија и околината.
Ова е проект на Фондацијата Аполонија и Здружението за едукација на деца и млади „Сложувалка“, финансиран од SPA програмата на USAID, достапна преку волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија. На овој настан ќе бидат промовирани целите и задачите на овој волонтерски центар, како и активностите кои ќе се спроведуваат во текот на целата година. Воедно, ќе бидат претставени и партнер организациите во кои пријавените волонтери ќе имаат можност да стекнат соодветно практично искуство и истовремено да дадат свој придонес за промоција на волонтеризмот и негов развој. На овој настан, покрај јавните институции, бизнис и НВО секторот, може да присуствуваат и сите заинтересирани граѓани на Општина Гевгелија, кои што сакаат да бидат дел од програмата за волонтирање.
На 02 Март 2014 година, со почеток во 12 часот, во хотелот Аполонија, во организација на Фондацијата Аполонија и ЗЕДМ „Сложувалка“,како дел од активностите на Волонтерскиот Центар, ќе се одржи првата едукативна работилница на која ќе можат да присуствуваат волонтери и други млади заинтересирани лица од Гевгелија, на тема: Изработка на CV, мотивационо писмо и совети за правилно однесување за време на интервју.