„Остен“ ја награди Марина Абрамовиќ

Остен и’ додели награда за животно остварување на светски познатата уметница Марина Абрамовиќ.

marina-abramovic-artist-present-moma

Галеријата „Остен“ пред престојното Биенале на цртеж 2014, Остен Арт ги објави имињата на а на добитниците на главните награди на „Остен Биенале на цртеж 2014“.

Годинава тоа се светски познатата Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД), на која „Остен“ и’ додели Гран при за животно остварување во вредност од 5 илјади долари и на Јoан Миро (Шпанија) – награда Светско културно наследство, исто така во висина од 5 илјади долари.

На 42. издание на Биеналето на цртеж се уште пристигнуваат дела, бидејќи конкурсот е отворен до 30 април. Меѓународнотата ќири комисија ќе ги разгледува делата во јуни, а отоворањето на Биеналето е најавено за 18 септември.

You May Also Like