Доцна ноќеска во Dolby Theatre во Лос Анѓелес со одржа 86-тото издание на доделувањето на најпрестижните филмски награди, Оскар.
Драмата за ропството „12 години ропство“ е прогласена за најдобар филм на доделувањето на 86-те награди на Американската академија и истовремено на Лупити Нионго и донесе Оскар за најдобра споредна женска улога, како и награда за најдобро адаптирано сценарио на Џон Ридли. Режисер на филмот е Стив Меквин …
После седум години пауза, Елен Деџенерис уште еднаш доби можност да го води доделувањето на овие престижни награди.
Награда за најдобар филм ја освои „12 години ропство“. Говорот на благодарност го одржа Бред Пит, чија филмска куќа го продуцираше филмот.
– Беше голема чест да се работи на овој филм. Еден човек е заслужен што сите сме овде вечерва, а тоа е неверојатниот Стив Меквин, рече Бред.
После тоа режисерот се заблагодари на филмската екипа и академијата и на сите кои биле покрај нив.
Оскар за најдобра женска актерка доби Кејт Бланшет и тоа за улогата во филмот „Blue Jasmin“. – И благодарам на Академијата на наградата, му благодарам на Вуди Ален што ми ја даде оваа можност, изјави глумицата.
Оскар за најдобар глумец доби Метју Меконахи и тоа после првата номинација за оваа филмска награда!
– Ви благодарам. Сакам да се заблагодарам на режисерот и Џаред Лета со кого работев. Ова е нешто на што се радувам, нешто кон што тежннеам и нешто што сакам, тоа ми треба секој ден, рече актерот и додаде дека Господ е неговиот пријател, на кого исто тaка му благодари за се што му се случило.
Прва награда за најодбра споредна улога доби Џаред Лето кој глумеше во филмот „Dallas Buyers Club“, а тоа му беше прва улога после долги шест години.
– Така сум пресреќен што имав можност да бидам овде со вас и многу сум благодарен за оваа награда. Мојата мајка ме роди како тинејџерка, но успеа да ги изгледа своите две деца, да ги научи да бидат креативни и направат нешто од својот живот. Само сакам да и речам благодарам што се ова ми го овозможи. Исто така, сакам да се заблагодарам и на својот брат Шенон кој беше секогаш покрај мене. Освен тоа, сакам да им порачан и на сите луѓе во Украина и Венецуела – ние сме со вас, ние сме со оние кои се борат за својот сон, рече Џаред додека ја преземаше својата награда.
Награда за најдобра споредна женска улога ја однесе Лупита Нјонго за филмот „12 години ропство“ која веќе со својата појава на црвениот килим привлече многу внимание.
– Да! Ви благодарам многу што ми ја дадовте наградата, ова е најголема радост во мојот живот, рече Лупита во солзи. Треба да се истакне дека Лупита за својата прва актерска улога го освои Оскарот.
„Гравитација“ со најмногу оскари
Наградата за специјални ефекти отиде во рацете на креаторот на филмот „Гравитација“ кој како и останатите номинирани филмови во таа категорија, чинеше повеќе од 100 милиони долари, најмногу поради скапите посебни ефекти. „Гравитација“ својот втор и трет Оскар ги освои за најдобар звук и монтажа на звукот, додека четвртиот го доби за најдобра фотографија, а петиот за најдобра монтажа. Шестиот пак беше за најдобра музика. Откако за најдобриот режисер е проглален Алфонсо Куарон (кој го режираше „Гравитација“), филмот ја освои и седмата статуетка.
Анџелина се заблагодари во солзи
Почесен Оскар за свој посебен придонес доби Анџелина Џоли. Убавата актерката во солзи одржа говор, кој го посвети на својата мајка.
– Ме научи за што служат соништата и филмовите. Денеска да е меѓу живите, би била многу горда на мене, рече Анџелина.
Најдобро сценарио
За најдобро адаптирано сценарио е прогласен „12 години ропство“ на Џон Ридли. Оскар за најдобро оригинално сценарио доби Спајк Џонс за филмот „Her“ , кому ова е сценаристичко деби.
„Големиот Гетсби“ без големи остварувања
На самиот почеток беа прогласени и наградите во категориите за најдобар костум каде Оскарот го однесе филмот „Големиот Гетсби“ како и наградата за најдобар продукциски дизајн додека за наградата за најдобра шминка ја однесе филмот „Dallas Buyers Club“.
Анимирани оскаровци
Оскар за кус анимиран филм е „Mr.Hublot“, а Оскар за најдобар долгометражен филм е „Frozen“.
Документарци
Награда за кус игран филм (во траење до 40 минути) ја однесе „Хелиум“, додека најдобар кус документарен филм „Музиката го спаси мојот живот“.
Наградата за најдобар долгометражен документарен филм ја однесе „20 Feet From Stardom“.
Награда за странски филм оди во Италија
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „La Grande Bellezaza“.
На Фарели му избега Оскарот за песна
„Фрозен“ доби оскар за најдобра песна иако Фарел Вилијамс беше фаворит со песната „Happy“.