Изложба „Убавините и богатствата на македонските цркви и манастири“

Картофилската изложба „Убавините и богатствата на македонските цркви и манастири“ ќе биде отворена вечер во просториите на Музејот на македонската борба-Скопје.

muzej na makedonskata borba muzej na vmro

Мотото на изложбата е „Сочувување на нашето национално духовно богатство“. Истата ќе се отвори со почеток во 19 часот, во Музејот на македонската борба.

Изложениот материјал е од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, а збирката ќе ги претстави најзначајаните духовни светилишта во Македонија низ богат картофилски материјал.

Светозаревиќ е истакнат колекционер и автор на бројни научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Зад неговото име стојат повеќе од 15 фотографски, филателистички и картофилски изложби на историски, културни спортски теми.

You May Also Like