Оскаровката Тилда Свинтон ќе спие во МОМА

Оскаровката Тилда Свинтон еден месец ќе спие во познатиот њујоршки музеј МОМА.

Инсталацијата е наречена Можеби (The Maybe) и дебитираше во Лондон во 1995 година, а беше повторена подоцна во Рим, со голем успех.

Посетителите од неколку сантиметри ќе можат да ја набљудуваат познатата глумица како тоне во сон. Но освен самата инсталација, интересно е дека дури ни кустосите во музејот не знаат во кој период таа ќе доаѓа таму за да отспие.

You May Also Like