Оркестарот „Фејмс“ меѓу номинираните за најдобра филмска музика

Здружението на меѓународните филмски музичките критичари (IFMCA) ја објави својата листа на кандидати за најдобри музички достигнувања во 2013 година. Меѓу нив се наоѓаат и номинации за музички остварувања кои беа снимени минатата година од страна на македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“.

orkestar_FAMS-1

Номинациите се однесуваат на музиката за документарецот „Ана и Алет“ чиј композитор е Марк Рајан Кандасми (Mark Rayen Candasamy), потоа музиката за телевизиската серија „El Tiempo Entre Costuras“ компонирана од страна на Сезар Бенито (César Benito) како и номинацијата за најдобар композитор за Г-динот Laurent Eyqem, кој воедно е и најчест посетител на студиото М1 во МРТВ каде што работи со симфонискиот оркестар „Фејмс“.

Овој симфониски оркестар е основан пред повеќе од 7 години од страна на француската продукциска компанија позната како „Маседониан мјузик & ентертејнмент“ (Macedonian Music & Entertainment). Сместени во просториите на Македонското радио и телевизија под раководство на господинот Лорен Копитс и неговата сопруга госпоѓата Насју-Мопа, кои се воедно и директори на компанијата, реализирани се фантастични музички проекти за композитори и продуценти од целиот свет.

orkestar_FAMS- 4

You May Also Like