Оваа недела на кино-програмата на Cineplexx ќе се најдат уште неколку нови светски остварувања. Премиерно денеска (6 декември, четврток), љубителите на филмот ќе имаат можност да го погледнат последното криминалистичко остварување на режисерот Стефан Рузовитски, филмот „Замка“.
Оценет од страна на Холивуд Рипортер како нешто помеѓу „Едноставен план“ на Сем Раими и брилијантните епизоди на „Сопранови“ со класична вестернска разврска како кулминација на дејствието.
Оваа недела на репертоарот се најде и акциониот филм „Целосен отповик: Потполно сеќавање“, нова филмска верзија на прославениот режисер Лен Вајсман (Underworld, Умри машки 4) во кој гланите улоги ги толкуваат Колин Фарел, Кејт Бесингејл, Итан Хок, Бил Најти, Џесика Бил и други. Станува збор за акциски СФ спектакл сместен во иднината во која сојузните држави Евроамерика и Нов Шангај се борат за превласт.
И секако филмот наменет и за помладите, анимираниот „Пет легенди“. Станува збор за група на херои со извонредни способности кои за прв пат ќе ги здружат своите сили со цел да ја заштитат надежта, верувањата и фантазијата која живее во сите нив.