Во среда, 29 октомври, со почеток во 19:00 часот во ЦК “Марко Цепенков”,ќе се одржи Оперски концерт …
Во Прилеп ќе настапи Македонската опера и балет, а ќе бидат исполнети арии од популарни дела од Моцарт, Доницети, Пучини, Верди, Гуно… Настапуваат солистите на Операта.
ПРОГРАМА:
1. Арија на Деспина -,, Така прават сите,,- В.А. Моцарт, солист Ана Ројдева – Талевска (сопран)
2. Арија на Рита од,,Рита,, – Г. Доницети – солист Десанка Глигориејевиќ (сопран)
3. Наполитанска песна – солист Дејан Стоев (тенор)
4. Арија на Принцезата од ,,Адријана Лекуврер,, – Ф. Чилеа – солист Марика Поповиќ (мецоспоран)
5. Арија на Каварадоси од ,,Тоска,, – Џ. Пучини, солист Јане Дунимаглоски (тенор)
6. Арија на Јудита од ,,Јудита,, – Ф. Лехар, солист Билјана Јосиф (сопран)
7. Арија на Адела од ,,Лилјакот,, – Ј.Штраус, солист Катерина Стојановска (сопран)
8. Арија на Војводата од Мантова од ,,Риголето,, – Џ. Верди, солист Никола Стојчески (тенор)
9. ,,Мама,, -Ц.А. Биџио, Наполитанска песна, солист Ристе Велков (баритон)
10. Арија на Маргарита од ,,фауст,, – Ш.Гуно, солист Олгица Милевска ( сопран)
11. Арија на Мефисто -,,Фауст,, -Ш.Гуно, солист Владимир Саздовски (бас)
12. Сицилијански вечери – Болеро на Елена , солист Нада Талевска (сопран)
Пијано придружба на Андреј Наунов.
Концертот е во годишната програма за работа на Центарот, подржана од Министерството за култура.
