Денеска (среда, 9 јули) во 19:00 часот во Магаза во Битола ќе биде одржан саем на граѓански здриженија. настанот е во рамките на Бит фест.
Во исто време во рамките на програмата на Битфест 2014, Together Macedonia ќе учествува со настан „Презентација на култури“.На настанот е предвидено да учествуваат следните земји: Унгарија, Италија, Македонија, Русија, Словенија, Соединети Американски Држави, Турција, Франција, Шпанија.
Во 21:00 часот на истото место (магазаљ) предвидена е премиера на документарниот филм „Приказни од Широк сокак“.