Во 21:00 часот во Домот на АРМ во Битола, е репризата на мјузиклот “Опера хаус”.
Ликовите во Тhe Opera House егзистираат во оперска куќа-сцена каде постојат конвенционални правила на однесување. Тоа е свет- простор- каде реалноста на ликовите станува кошмар. Ликовите се затекнати во несвојствени ситуации во кои мора да бираат меѓу материјалното и духовното, меѓу љубовта и омразата, убавотот и грдото, реалноста и фикцијата. Не постои след на нештата, секој се обидува хедонистичкиот и алтруистичкиот поглед на животот да го преточи во сопствена реалност, само за себе.
Изведбата е дел од Бит фест 2014.