Кампања против говорот на омраза на интернет

Денеска (петок, 22 март,2013) во 10:30 часот во Агенцијата за млади и спорт ќе се одржи прес коннференција по повод националната кампања против говорот на омраза на интернет.Предвидена е конференцијата да се одвива во исто време со официјалната прес-конференција за започнување на кампањата во Советот на Европа.

 

Со прес-конференцијата официјално ќе се означи почетокот на Националната кампања против говорот на омраза на интернет „ Младите луѓе за човековите права на интернет“, чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт.

Кампањата е предвидена да трае  од март 2013 г.-март 2014 г.  и истата ќе се спроведува во голем дел од  земјите членки на Советот на Европа. Насочена е кон младите луѓе на возраст од 13-30 години во однос на зголемување на одговорноста при користењето на интернет,  за утврдување на различните перцепции и форми на говорот на омраза на интернет и нивното влијание врз младите луѓе,  за последиците од непочитувањето на човековите права во онлајн комуникацијата, но и градење на мрежа на  активисти против дискриминацијата по различни основи.

Во  неа , како дел од Националниот Комитет против говорот на омраза се вклучени и Министерството за правда, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за електронски комуникации, Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Центарот за меѓукултурен дијалог – Куманово, Македонско здружение на млади правници, Младински Образовен Форум, Центарот за човекови права „АМОС“.

Би ни претставувало огромна чест и задоволство доколку и Вие со Вашето присуство дадете придонес за успешен почеток и спроведување на оваа кампања.

You May Also Like