Одржана манифестацијата „Ѓурѓовденско чествување“

За да ја збогати својата Програма за култура, општина Гази Баба по повод верскиот празник Свети Ѓорѓија – Ѓурѓовден, од оваа година започна да ја одржува манифестацијата „Ѓурѓовденско чествување“.

gjurgjovden_gazi_baba

 

Оваа манифестација се одржа на две локации, и тоа во црквата Св. Ѓорѓија во н.м. Сингелиќ и во црквата Св. Ѓорѓија во н.м. Трубарево.

За големиот број на верници кои дојдоа да го чествуваат празникот Ѓурѓовден, Центарот за едукација на македонски фолклор Митеви со своите гости од Нови Сад, изведоа неколку народни игри и песни од своите краеви, со што им го разубавија престојот во Црквата.

На овој убав настан присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски, членови на Советот на Гази Баба и голем број на жители од општината.

You May Also Like