„Важно е да се викаш Ернест“ премиерно во Театар Комедија

Денеска (7 мај, среда) Театар Комедија ќе ја стартува годината со премиерата на класичната комедија „Важно е да се викаш Ернест“ од Оскар Вајлд во режија на Ирена Стеријовска.

Vazno e da se vikas ernest (4)Т

Директорката на Театар Комедија – Јелена Жугиќ, на вчерашната прес конференција истакна дека и е многу драго што покрај енергијата на младите актери која е столб на театарот , театарот дава шанса за презентирање на млади режисери,костимографи,сценографи,композитори кои заедно со ансамблот создаваат свој автентичен свет и презентираат нови концепти и идеи во театарот. Пример за тоа е авторскиот тим на претставата „Важно е да се викаш Ернест“ кој е прв голем проект за младата режисерка Ирена Стеријовска. Во претставата дебитира и костимографот Ана Кркуљевска а ова е втора соработка на театарот и со младиот сценограф Стефан Спировски.

Режисерката Ирена Стеријовска изјави:
“Општеството од своето постоење до денес постојано продуцира одредени норми и правила во чии рамки “смее” или “треба” да се функционира. “Важно е да се викаш Ернест” е приказна за љубовта. Приказна во која на духовит и ведро сатиричен начин остро се критикуваат и исмејуваат некои од општествените болести. Една безвременска бајка во која (како што обично бидува во бајките) љубовта ги победува сите пречки – Amor Vincit Omnia!”

Директорката исто така додаде дека репертоарот на Театар Комедија оваа година ќе биде фокусиран на класични дела. Веќе се започнати проби за претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир а во режија на Дејан Пројковски – претстава со која ќе се отвори фестивалот на комедија „Гола Месечина“ кој е во организација на самиот театар.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Зорица Нушева, Нина Деан, Кристина Ласовска и Тања Мицков.

Vazno e da se vikas ernest (2)

Vazno e da se vikas ernest (6)

 

 

 

You May Also Like