Омаж за Енрико Карузо во Скопје

На 9 Октомври 2014 година во Македонскиот народен театар гостува познатиот Театар Сан Карло кој пред македонската публика ќе се претстави со изведба на концерт/омаж посветен на најголемиот неаполски тенор Енрико Карузо- “Легендарниот Карузо”.

enrico_caruso

Театарот Сан Карло е еден од најстарите театри во Европа, еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера кој своето присуство во Република Македонија ќе го оствари благодарение на воспоставената соработка со Република Италија и потпишаниот договор за соработка со Giffoni Experience, Италија.

You May Also Like