„Аптекарот“ вечерва премиерно во МОБ

Вечер (вторник, 5 февруари, 2013 ) на малата сцена во МОБ со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе се изведе комичната опера „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн .

Диригент на претставата е Виктор Митровски, режија и сценографија на Уши Хорнер од Австрија, избор на костими Марта Трендафилова и концерт мајстор Климент Тодоровски.

Солисти:
Семпронио : Дејан Стоев (05.02.13г.) , Зоран Даскаловски (06.02.13г.)
Грилета : Билјана Ѓуровска (05.02.13г.),
Александра Лазаровска – Василевски (06.02.13г.)
Менгоне : Јане Дунимаглоски (05.02.13г.), Никола Стојчевски  (06.02.13г.)
Волпино : Николина Јаневска

Станува збор за една весела и комична приказна, која веруваме дека на публиката  ќе ѝ се допадне.

Репризата на претставата ќе се изведе на 06.02.13г. (среда) со почеток во 20.00 часот на малата сцена во МОБ.

Младиот Менгоне, влегува во служба на аптеката на Семпронио, иако тој нема никакво познавање од хемија. Вистинската причина за неговата “посветеност“ во работата е неговата љубов кон Грилета, штитеничката на Семпронио, каде што во првата сцена меша разни хемикалии правејќи меланхолична опивка за неговата сакана, која пак ќе го доведе до нејзиниот господар кој наместо да се занимава со неговиот бизнис, се закопува во неговите весници и ги остава неговите чираци да се снаоѓаат сами во работата

You May Also Like