Конкурс за фотографија на тема „Јас и климатските промени“

По повод 22 април, Денот на планетата Земја, Милиеуконтакт Македонија распишува конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Јас и климатските промени“.

Фотографиите се поднесуваат по електронски пат, на email-адресата info@mkm.mk со назнака “Конкурс за фотографија”, најдоцна до 3 април 2013.

Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со текстуални карактери и симболи за идентификација. Фотографиите треба да бидат со минимална резолуција од 150 dpi. Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари, а секој учесник може да учествува со повеќе авторски фотографии.

Фотографиите кои не одговараат на зададената тематика нема да влезат во изборот за награда. Фотографијата треба да е фотографирана во Македонија со назначена локација.

Пристигнатите фотографии ќе бидат објавени на Facebook страната на организаторот, а победник на конкурсот ќе биде фотографијата која ќе добие најмногу гласови (like). Резултатите од конкурсот организаторот ќе ги објави на 10 април, 2013 година. Пристигнатите фотографии ќе бидат испечатени и изложени во просториите на Милиеуконтакт Македонија. Авторот на победничката фотографија ќе биде награден со ВЕЛОСИПЕД! Наградата ќе му се врачи на 22 април, денот на планетата Земја. Учествувајте!

You May Also Like