По повод Светскиот ден на Театарот, Театарот „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци денеска (27 март) ќе ја изведе претставата „Бегалка“ во домот на културата во Пробиштип .
Претставата е работена по текстот на Васил Иљоски, а во адаптација и режија на Александар Малинков. „Бегалка“ ќе доживее уште неколку изведби на матичната сцена и веќе договорени гостувања низ Македонија. Паралелно, кавадаречкиот театар започна со подготовка на нова драмска изведба, чија премиера се очекува кон крајот на мај и на почетокот на јуни годинава, на радост на бројните љубители на театарската уметност во Кавадарци.