Успешна промоција на средношколски бендови во МКЦ

Во саботата (17 мај) во МКЦ Скопје се оддржа „Средношколски промо ден“ за претстојното издание на фестивалот Здраво Млади. Настапија 6 музички групи составени од средношколци кои творат авторска музика.

srednoskolski_promo_den_mkc

Организаторите од МКЦ и „Здраво млади“ информираат: „Палиндром, супер интересно и моќно инструментално трио, составено од две бас гитари и тапани. Equinox, бенд кој собра највеќе гласови од публиката и во петок ќе го отвори фестивалот. Хип Хоп артистот ASK, поддржан со уште еден MC, одличен грув, добри рими… Хендикеп, рок квартет од Виница. Гласните, возбудливи Leitmotiff, бенд на кој повеќе од очигледно му следи добра иднина и битолските The Cure, составени од две девојки и две момчиња – Мазно, ама не е. Специјален гостин беше Мартин Буцко BeatBox.
Им благодариме на сите што се пријавија, на посетителите и искрено се надеваме дека ова ќе прерасне во една фина традиција.

Се гледаме на ЗДРАВО МЛАДИ! во петок. Настапуваат: Equinox, TRUS!, Фонија, The Soft Moon, Disciplin A Kitschme, ChkChkChk и kleemar“ – велат од МКЦ.

You May Also Like