По повод Денот на пожарникарството, утре 20 мај 2014 година (вторник), со почеток во 12:15 часот, ќе се одржи свеченост во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Денот на пожарникарството ќе се одбележи во кругот на Бригадата во населбата Автокоманда.
Традиционало одбележувањето на Денот на пожарникарството почнува со свечено постројување на противпожарната бригада и поднесување рапорт од командантот на пожарникарите, Благоја Менковски, на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во рамките на одбележувањето ќе се одржи и тактичко показна вежба, како и презентација на опремата што ја поседува Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.