Денеска (сабота, 4 октомври 2014 година) со почеток во 22:00 часот, во спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје ќе се случи настап на францускиот диџеј Таламаска.
Поводот за гостувањето на Таламаска во Скопје е промоција на неговиот нов албум “Левел 9”, кој неодамна го издаде еминентната издавачка куќа DACRU RECORDS.
Интересен е фактот што иницијативата за настап во Скопје, била од страна на Таламаска. Тој уште во Август ги побарал своите пријатели од Сан Продакшн, за да пронајдат најдобар можен датум за промоција на неговиот нов албум. Идеата за промоција во Македонија пак, произлегува од фактот што тој премногу ја сака Македонската публика која како што вели навистина знае да се забавува.
Се е подготвено за настапот на Таламаска, а предпродажните карти се речиси распродадени – изјавуваат од Сан Продакшн.
За журката обезбедена е и домашна поддршка од диџеите: DARE, SOUND KILLAH, DEJAN DOGY.
