Одбележување на 70 години од депортацијата на Евреите

Во рамките на одбележувањето на 70 години од депортацијата на Евреите од Македонија, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ги организирира следниве настани:

08.03.2013, петок,
Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

19,30 –  Прикажување на документарен филм „Празни вагони“ на Проф. Ед Гафни од САД, по што ќе следат прашања и одговори – влез бесплатен;

09.03.2013, сабота,
Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

19,30 – Прикажување на македонскиот филм „Трето полувреме“ од режисерот Дарко Митревски – влез бесплатен;

10.03.2013, недела,
Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

12,00 – Промоција на книгата „Плима и слом“ од Жени Лебл;

19,00 – Отворање на изложба „Нови сведоци на холокаустот 2“;

12.03.2013, вторник,
Македонска академија на науките и уметностите

11,00 – Свечена академија по повод 70 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка

12,00 – Промоција на книгата „Движењето на отпорот и Евреите од Македонија“ од Жамила-Анџела Колономос

13,00 – Научна трибина „70 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка “

You May Also Like